18.8 C
Скопје

Едноставни колачиња од овесни снегулки и цимет со неверојатен мирис

Bи здосадија обичните овесни каши? Направете си повозбудлива комбинација на овес и цимет!  Она што е толку неверојатно во врска со овие колачи е тоа што можете да направите само неколку, количината си ја определувате вие.

Колачињата од овес се богати со растителни влакна, одлични се за варење на храната како и здравјето на срцето, а бидејќи циметот е одличен антиоксиданс, можете да ги намалите шансите за дијабетес.

unsplash

Покрај тоа што се одлична идеја за десерт за студените зимски денови, овие колачи му прават услуга на вашето тело нудејќи му здрава верзија на закуска.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 2 чаши овесни снегулки
  • 1,5 чаши брашно
  • 1 омекнат путер
  • кафеав шеќер по желба
  • малку екстракт од ванила
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка цимет
  • ½ лажичка прашок за пециво
  • ½ лажичка сол

Подготовка:

Во голем сад помешајте ги кафеавиот шеќер, путерот, јајцата и екстрактот од ванила.

Во друг сад измешајте брашно, цимет, сода бикарбона, прашок за пециво и сол и постепено додавајте ја оваа смеса во смесата со путерот. На крај, додадете ги овесните снегулки.

Загрејте ја рерната на 180 степени и обликувајте ги колачите со лажица или во рака и ставете ги на хартија за печење. Печете 10 до 12 минути додека колачињата станат златни и потоа извадете ги и оставете ги да се изладат.

Во колачињата можете да додадете и парчиња темно чоколадо, суво овошје или мелени бадеми.

На здравје!

Поврзани вести

Дневен хороскоп за 22 јуни: Сфатете дека радоста е во малите нешта

Слободен Печат

Прием во лудница

Слободен печат

На денешен ден – 22 јуни

Слободен Печат

ВИДЕО | Познатиот југословенски киоск К67 беше поставен на Тајмс сквер во Њујорк: Но, дали светот знае за неговата културолошка историја?

Слободен Печат

Најмоќната деловна жена во светот: Шерил Сандберг прозборе дескриминацијата на жените во пандемијата

Слободен Печат

„Порака во шише го преминала Атлантикот“: По неколку години се создало неочекувано прекуокеанско пријателство

Слободен Печат

Остави Коментар