Едноставни и вкусни: Меки бисквити со тиква

Фото: Профимедиа

Забавувајте се ова попладне во кујната и направете ги овие едноставни, а вкусни печени колачиња во чиј состав е и тиквата. Нивниот специфичен вкус, ќе ве натера да ги подготвувате почесто…

СОСТОЈКИ:

– 120 г тиква
– 175 г брашно
– 1 јајце
– 125 г путер
– 100 г кафеав шеќер
– 1 лажичка цимет
– 1 рака сечкано чоколадо

ПОДГОТОВКА:

Тиквата сварете ја и оставете ја да се излади целосно, па испасирајте ја. Во сад ставете ги путерот и шеќерот и матете со миксер да добиете воздушест, бел крем. Додајте го јајцето, потоа тиквата. Оставете го миксерот и мешајте со дрвена лажица. Готовата смеса ставете ја во шприц и формирајте бисквити, на плех обложен со хартија за печење. На секое колаче ставете по неколку парчиња сечкано чоколадо. Ставете да се печат во рерна претходно загреана на 180 степени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот