Едноставна вежба за дишење „4-7-8“ ја ублажува анксиозноста

Анксиозноста не е само привремено чувство, кое ве обзема кога имате „тесен“ рок на работа или треба да пробате нешто ново, она со што се среќавате за првпат во вашиот живот.

Постојано е присутна и понекогаш се појавува дури и ако нема најмала причина за вознемиреност. Ако страдате од анксиозност, еве совет што може да помогне да се ублажи состојбата.

Едноставна вежба за дишење „4-7-8“ понекогаш е доволна за да се разбие маѓепсаниот круг на вознемиреност, вина и загриженост, вели психолозите.

Тоа е едноставен метод за дишење што го запира чувството на вознемиреност, дејствувајќи на воспалителни процеси во телото, кои почнуваат да „дивеат“ поради ненадеен скок на стрес хормонот, кој се јавува кога имаме напад на анксиозност.

Еве што треба да направите:

Седнете во удобна положба, исправете се и поставете го врвот на јазикот така што ќе го допирате работ на непцата, веднаш зад предните заби на горната вилица. Свесно намалете ја дијафрагмата, длабоко вдишете преку носот, броејќи во себе до четири.

Држете го здивот броејќи до седум, а потоа отворете ја устата малку и издишувајте полека, на уста, броејќи до осум.

Циклусот повторете го четири пати.

Првите неколкупати можеби ќе имате чувство на блага вртоглавица, но наскоро ќе престане.

Оваа техника на дишење обезбедува моментално олеснување на поблаги напади на анксиозност, но нејзиниот полн ефект ќе го почувствувате по осум недели во текот на кои ќе ја вежбате оваа вежба двапати на ден, без разлика дали сте во „криза“ или не.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот