Едноставен за подготовка: Нискокалоричен леден десерт кој ќе го замени вашиот омилен сладолед

Фото: Unsplash

Одличен десерт кој ќе ве освежи како ладен туш. Се подготвува многу брзо, веднаш ќе ја задоволи вашата потреба за нешто слатко, а притоа има многу помалку калории од вашиот омилен вкус на сладолед. Може да го подготвите и надвор од домот, бидејќи единствениот уред кој ви е потребен е блендер, а истиот може да биде заменет со обичен кујниски нож кој ќе ви помогне да ги исечкате малините.

СОСТОЈКИ:

– 250 мл јогурт со ниска масленост (од фрижидер за да е студен)
– 250 гр замрзнати малини
– 2 лажици мед
– 1 лимон

ПОДГОТОВКА:

Замрзнатите малини исечкајте ги ситно со ноќ или ставете ги во блендер, а потоа додадете го студениот  јогурт со ниска масленост. Додадете 2 лажици мед и сок од еден лимон. Повторно измешајте сè за состојките убаво да се соединат.

Уживајте!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот