Едноставен рецепт за прочистување на белите дробови

Ако сте пушач повеќе од пет години, сигурно чувствувате последици од оваа нездрава навика. Бронхитисот, како и пушачката кашлица е сигурно нешто со што се борите, а постои рецепт кои може да ги олесни тие проблеми.

Секако, најдобро што може да направите е да ги оставите цигарите, но додека не се одлучите на тој чекор, пробајте го овој рецепт.

Потребно ви е:

*Ѓумбир, кој ќе ви помогне да се ослободите од секретот во грлото.

*Лук и кромид, кои имаат силни антиканцерогени својства, па се одлична превентива од малигните болести. Лукот е особено ефикасен во превенцијата на респираторните инфекции.

*Куркума, преполна со витамини, минерали и омега 3 масни киселини.

Рецепт за еликсирот за чистење на белите дробови

400 грама кромид, едно чешне лук

1 литар вода

2 лажички куркума

Парче ѓумбир со големина колки палецот

Подготовка:

Во водата ставете шеќер и оставете малку да се вари водата. Додадете го кромидот исечен на поголеми парчиња, лукот и ѓумбирот кој сте го изрендале или исецкале на помали парчиња. Кога мешавината ќе зоврие, додајте ја и куркумата, намалете ја температурата и оставете уште малку да се вари. Варете додека смесата не се преполови количински, а потоа исцедете и течноста префрлете ја во стаклена тегла. Оставете смесата да се олади на собна температура, а потоа префрлете ја во фрижидер.

Примена:

Консумирајте по две лажички наутро на празен стомак и два часа после вечерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот