Едноставен рецепт: Направете си сами сок од праски

Состојки:

5 килограми праски
5 литри вода
2 килограми шеќер

Подготовка:

Потребното количество праски убаво излупете ги и исчистете им ја семката. Добиените праски убаво измиксирајте ги со помош на рачен блендер.

Потоа, во длабоко тенџере ставете ги водата и шеќерот да зовријат.

Откако ќе зовријат, додајте ги мелените праски.

Варете половина час на тивок оган.

Добиениот сок складирајте го во стаклени шишиња и убаво затворете ги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот