Едноставен но практичен трик за отстранување на дамки без користење на хемикалии

Фото: Фејсбук

Потребна ви е една состојка, која можете да ја пронајдете во секоја аптека…

Една жена на Фејсбук откри едноставен трик за отстранување на дамки од облеката без употреба на хемикалии наменети за тврдокорни дамки.

Една мајка од Австралија не веруваше во оваа состојка, која во себе не содржи хемикалии, но сепак реши да проба.

Откако таа го извалкала својот блузон со маркер на предната страна, од другите жени на Фејсбук побара совет за помош.

Една корисничка и препорача да ја натопи дамката во масло од еукалиптус 30 минути, а потоа да ја исплакне обилно дамката со вода.

Жената го послушала советот и објавила фотографија „пред и после“ нанесувањето на масло од еукалиптус. Во описот напишала…

– Одлично функционира. Ја потопив дамката во масло од еукалиптус околу половина час, а потоа исплакнив со вода. Трикот е совршен, сега знам како да се спасам од сите дамки.

Фото: Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот