Еднонасочен сообраќаен режим во урбаната заедница кај Млечен

Сообраќајци / Фото: Архива

Почна да се спроведува новото сообраќајно решение за урбаната заедница „Владо Тасевски” (потегот околу „Млечен”) .

Сообраќајното решение, како што соопштуваат од прес-службата на Општина Карпош, во голема мера се карактеризира со еднонасочен режим на сообраќај, со цел да се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот, но и да се намали метежот.

– Кога возилото од бул. „М.Т.Гологанов” ќе се приклучи кон ул. „Анкарска” ќе се соочи со мал дел на двонасочна сообраќајница, а потоа се надоврзува на еднонасочниот сообраќај. Еднанасочниот режим на сообраќај се протега долж улиците: „Анкарска”, „Багдадска” (во најголем дел), „Бахар Моис” и дел од „Борка Талески”, се посочува во соопштението.

Од таму информираат дека долж посочениот потег поставени се 300 нови сообраќајни знаци (вертикална сигнализација), а обележана е и нова хоризонтална сигнализација.

Од општината ги повикуваат граѓаните да го почитуваат новиот сообраќаен режим, кој има за цел да ја зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот, имајќи предвид, како што велат, дека во оваа урбана заедница има и воспитно-образовни установи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот