Едномесечно бебе во Турција по грешка примило вакцина против ковид-19

Фото: Профимедиа

Едномесечно бебе од Турција било погрешно вакцинирано против ковид-19, но тоа е добро, рекол лекарот кој ја следи здравствената состојба на бебето. 

Бебето стана првиот познат случај на вакцинацинирано доенче во светот.

„Едномесечно бебе во јули беше погрешно вакцинирано против ковид-19 наместо против хепатитис“, рекол за АФП детскиот инфектолог од Егејскиот универзитет Зафер Куругол,  кој ја следи состојбата на бебето, за АФП.

Куругол рекол дека здравствениот работник кој ја давал вакцината во околината на Измир, веднаш ја увидел грешката и ги известил надлежните.

Детето веднаш било пренесено во Универзитетската болница, каде што било прегледано и му биле следени отчукувањата на срцето.

Лекарите го следеле една недела и не откриле никакви негативни последици.

– Тој ја напушти болницата потполно здрав, како што и дојде. Немаше нуспојави коишто понекогаш ги имаат возрасните, како што е зголемена телесна температура. Мајката продолжи да го дои – рекол Куругол.

Бебето кое сега има четири месеци е здраво и лекарите редовно го прегледуваат.

Анализите покажале дека бебето развило антитела на ковид-19, додека инфектологот одбил да каже со која вакцина е вакцинирано детето.

Во моментов во Турција се даваат две вакцини, „Фајзер“ и „КоронаВак“.

На барање на АФП, Светската здравствена организација (СЗО) соопштила дека испитувањата сѐ уште траат, но дека „се потребни повеќе докази за краткорочните и за долгорочните ефекти на инфекцијата со вирусот SARS CoV-2 кај децата, за да се утврдат предностите и ризиците од вакцинирањето на младите луѓе.

Компанијата „Фајзер“ објави оваа недела дека со клиничките испитувања што ги спроведува во моментов се опфатени и деца од шест месеци и постари.

Единствените податоци што ги објавил „Фајзер“ досега се однесуваат на вакцинирањето на деца на возраст од 5 до 12 години против ковид-19.

Куругол на телевизија изјавил дека во здравствените установи „голем број“ бебиња биле по грешка вакцинирани против коронавирусот и дека наскоро ќе биде објавена студијата за тие случаи.

Турското Министерство за здравство најавило истрага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот