Едногодишно девојче претепано во скопска градинка

Фото: Архива на Слободен печат

Во градинка во населба Ченто е повредено едногодишно девојче, соопшти полицијата.

Детето е донесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што биле констатирани повредите.

Според соопштеното, таткото на детето И.С.(34), пријавил дека истиот ден околу 10 часот, откако ја зел неговата едногодишна ќерка од градинка во населба Ченто, забележал дека имала гребнатини на лицето, очите и ушите.

Таткото изјавил дека воспитувачката од градинката му рекла дека повредите на детето му биле нанесени од друго дете кое било на возраст од околу една година и шест месеци.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот