Еднодневно издание на Д Фестивал во Дојран

Фестивалот ќе се одржи наредното лето, а вонредното издание на фестивалот ќе биде овој месец, како што информираа од „Пасворд продукција“.

Единствената фестивалска авантура – Д Фестивал, веќе се подготвува за своите две наредни изданија – вонредно и јубилејно! Поради неможноста да го прославиме десеттиот роденден како што му доликува – со тридневна програма исполнета со многу музика, стотици уметници и креативци, повеќе бини, фестивалски камп и илјадниците најверни другари, големото официјално роденденско издание го закажавме за 2-4 јули 2021 година, велат организаторите.

Еднодневното издание на Д Фестивал годинава ќе се одржи на 22 август на главната бина (Паркинг Гранит) во Дојран. Годинашното издание, симболично насловено „Д Фестивал и пријателите“, ќе биде посветено на локалните музички херои, меѓу кои ќе учествуваат „Суперхикс“, ЛД Пистолеро, „Бернајс пропаганда“, „Плуто’с даутс“, Принцес Донатсу, Бон Праскиза и Донплеја, со цел поддршка на македонската музичка сцена, велат од продукцијата.

Меѓу првите артисти што досега се потврдени за Д Фестивал 2021 година е синот на Боб Марли, Кеј-Вај-Мани Марли.

Сите што веќе набавиле билет за Д Фестивал 2020 до 30 јули 2020 година, ќе можат со него да присуствуваат на две Д Фестивал изданија – на годинашното еднодневно, а и на наредното големо роденденско издание во 2021 година, каде што ќе има уште многу специјални гости, уметници и креативци, вели организаторот.

Билетите за овогодишното еднодневно издание на Д Фестивал се достапни во продажната мрежа на „МК тикетс“ и на karti.com.mk.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот