Едно „не“ го промени животот на Анри: Јас останав, а тој отиде во Арсенал!

фото: твитер

Тјери Анри е еден од најдобрите француски фудбалери во историјата, а Марсио Аморозо ни открива една интересна приказна.

Легендарниот фудбалер славата ја стекна играјќи за Арсенал од 1999 до 2007 година, а во кариерата играше уште за Монако, Јувентус, Барселона и Њујорк Ред Булс.

„Лошиот период“ во својата кариера го имаше во Јувентус. Одигра само 19 натпревари за клубот од Торино и како играч за врска постигна три голови.

Многу лесно можеше наместо во Арсенал да заврши на позајмица во Удинезе. Тјери Анри е еден од најдобрите француски фудбалери во историјата, а екс напаѓачот на Јувентус Марсио Аморозо ни открива една интересна приказна.

Постоеше можност да одам во Јувентус во замена за Анри. Но, тој ја одби замената, јас останав во Удинезе, а тој отиде во Арсенал – рече Аморозо за „Скај Спорт Италија“.

Анри имаше 376 натпревари и 228 голови за „топчиите“ со кои успеа по двапати да ги освои Премиер лигата, ФА купот и ФА Комјунити шилд, а беше и финалист во Лигата на шампионите во 2006 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот