Едно лице спасено од голем пожар кај село Дражево

Пожарникари / Фото: Архива

Едно лице е спасено од големиот шумски пожар кој избувна попладнево околу 13.00 часот во близина на селото Дражево, општина Ново Село, изјави за МИА командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.

Според него, се работи за повозрасно лице кое најверојатно се движело на местото на избувнувањето на пожарот. Пожарникарите го пронашле во несвесна состојба и по укажаната помош е однесен на преглед, но е надвор од животна опасност.

– Пожарот кај селото Дражево се шири со голема брзина и зафати поголема површина. Поради опасност од запалување исклучена е електричната енергија од далноводот кој поминува тука. Ги преземаме сите мерки да не се прошири, рече командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.

Истовремено со овој пожар се запали и депонијата „Шапкар” кај селото Добрашинци, на која се одложува отпадот од општините Струмица и Василево. Со интервенција на пожарникарски возила од Струмица и Радовиш, како и со цистерни на ЈПКД „Комуналец” пожарот е изгаснат.

Во Струмичко активен е и пожарот на планината Готен, кој гори дваесетина денови и од вчера се прошири кај поранешното село Кушкулија, општина Василево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот