Едно лице полесно повредено во тешката сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово

Сообраќајот на автопатот Скопје-Тетово целосно е нормализиран од 16:00 часот, откако претходно околу 13:00 часот камион се преврте на коловозната лента и го блокираше движењето на останатите возила во близина на клучката Желино.

– По превртувањето на камионот околу 13:00 часот, па се до 14:30 часот сообраќајните полицајци ги пренасочуваа возилата на регионалниот пат Тетово-Скопје Р402. Камионот е отстранет од коловозната лента на автопатот „Мајка Тереза” во правец кон Тетово околу 14:30 час. Потоа до 16.00 часот е започнато одвивање на сообраќај само на една лента. Во 16:00 часот целосно се отстранети остатоците од камионот и од оштетената инфраструктура, по што сообраќајот е целосно нормализиран на двете ленти од автопатот Е65 Тетово-Скопоје – инфомираат од СВР Тетово.

Возачот кој го управувал камионот-влекач марка МАН, 66 годишниот А.Н жител на тетовско Желино,  при превртувањето е полесно повреден, а по укажаната лекарска помош во Тетовската клиничка болница е пуштен на домашно лекување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот