Едно лице почина во сообраќајка на патот Прилеп-Битола

Фото: Слободен печат/Архива

Едно лице починало вчера во сообраќајна незгода на патот Прилеп-Битола, соопшти МВР.

– Вчера во 11:15 часот било пријавено дека на патот Прилеп-Битола, пред клучка „Лагово”, патничко возило „фиат браво”, со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.П.(52) од Прилеп, излетало од патот. На местото на незгодата починал возачот. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, информираат од МВР.

Бил извршен увид од увидна екипа од Полициската станица – Прилеп и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено за обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот