Едно лице почина откако се преврте трактор, а две се тешко повредени

Несреќа со трактор/ Фото: МИА

-На 25.10.2019 околу 17.20 часот на излез од сeло Двориште, беровско, С.Г.(47) од с.Двориште, управувајќи трактор, изгубил контрола и се превртел, по што удрил во дрво. Во незгодата, на местото починал З.Ч.(50) од с.Двориште, додека В.Г.(46) од с.Двориште се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клинички центар Штип- наведуваа во дневниот билтен МВР.

Увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Берово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот