Едно лице почина, четворица повредени откако излетале од пат со автомобил во Богданци

Полиција/ Фото МВР

Едно лице почина, а четири се повредени откако со патничко возило излетале од патот на улица „Маршал Тито” во Богданци.

– На улица „Маршал Тито” во Богданци, вчера околу 4 часот патничко возило „бмв” со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.С.(20) од Богданци, излетало од патот, соопшти МВР.

Во незгодата возачот В.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза”-Скопје, каде починал. Сопатниците во возилото Р.К.(19), Ѓ.Ш.(21), Д.Д.(21) и Н.Ш.(20), сите од Богданци, се здобиле со телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот