Едно лице обвинето за употреба на лажна потврда за негативен ПЦР тест

ПЦР тест / Фото: Архива

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице со двојно македонско и италијанско државјанство за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетата, на 17 март, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје се обидела да ја напушти државата, прикажувајќи лажен сертификат за негативен ПЦР тест за SARS-CoV-2 вирусот.

При проверка од службениците на аеродромот било утврдено дека станува збор за лажна исправа, која обвинетата ја прикажала како вистинска.​​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот