Едно лице обвинето за обид за разбојништво во Скопје

Фото: Архива на Слободен печат

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Обвинетиот 40-годишен скопјанец, на 16.02.2019 година, на булеварот „Крсте Петков Мисирков“, со употреба на сила се обидел да одземе туѓ подвижен предмет – мобилен телефон Ајфон С6 во вредност од 40.000 денари.

Обвинетиот се приближил на оштетената и започнал со тупаници да ја удира по главата и да ја турка. Кога оштетената паднала нанапред кон земјата, тој започнал да и го влече мобилниот телефон од раката. Откако не успеал во намерата да и го одземе, продолжил да ја удира и да ја влече за чантата.

Оштетената, исплашена за својот живот, започнала да го удира со нозете и гласно да вика, барајќи помош. По ова, обвинетиот избегал.

Ценејќи дека и натаму се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд достави и Посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот