Едно лице приведено поради обид за кражба во џамија

Македонска полиција / Фото: МИА

Полициски службеници од СВР Скопје – Единица за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Центар и Бит Пазар вчера го привеле С.Н. (30) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба во обид”  од помошна просторија во Мустафа-пашината џамија.

По извршениот службен разговорот С.Н. го признал делото и го појаснил начинот на извршување. По комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 вв член 19 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот