ЕДНО ЈАБОЛКО ПРЕД СЕКОЈ ОБРОК: Промените ќе ги забележите по помалку од еден месец

јаболка

Јаболката се честа намирница во нашата исхрана, а во однос на хранливите материи одлично се избалансирани и содржат витамини, минерали, растителни влакна и фолна киселина, а имаат мала калориска вредност.

Без разлика дали ги сакате кисели или слатки, зелени, црвени или жолти, јаболката ви се потребни доколку сакате брзо и ефикасно да симнете вишок килограми и да се доведете во топ-форма.

Во прилог ви предлагаме петдневно мени во кое јаболката се јадат пред ручекот и пред вечерата:

Прв ден

Појадок: Чаша нискомаслено млеко
Ручек: Едно јаболко, 300 гр варен зеленчук, едно варено јајце и парче двопек
Вечера: Едно јаболко, 100 гр печено пилешко

Втор ден

Појадок: Чаша јогурт
Ручек: Јаболко, 100 гр варено пилешко, салата и парче ‘ржан леб
Вечера: Јаболко, 200 гр туна

Трет ден

Појадок: Чаша јогурт или кефир
Ручек: Јаболко, 100 гр мисиркино и една краставица
Вечера: Јаболко, 150 гр печено телешко

Четврт ден

Појадок: 100 гр сирење, двопек и омлет од едно јајце
Ручек: Јаболко, 100 гр интегрални тестенини, домашен кечап и малку сирење
Вечера: Јаболко, 200 гр пилешко месо

Петти ден

Појадок: Овошен јогурт
Ручек: Јаболко, 200 гр риба и малку зелена салата зачинета само со лимон
Вечера: Јаболко, 100 гр пастрмка и помал домат

Ослабете 5 килограми за една недела со помош на диетата со супа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот