Едно е сигурно, Македонец ќе се искачи на европскиот врв

twitter.com/ehfcl

Во саботата Вардар со еден епски пресврт од „минус седум“ негатива на паузата успеа на крајот да ја „покори“ Барселона, која до сега од сите аспекти ја сметаа како најголем фаворит за титулата оваа сезона.

Чуда се случуваат во ракометот и воопшто спортот, едно од нив е Вардар чие храбро срце на терените никогаш не се предава, тоа го докажа и против скапите каталонски ѕвезди.

Фото: РК Вардар

Вечерва од 18.00 часот против Веспрем македонскиот шампион ќе го игра второто финале во клупската историја во обид да дојде до својот втор европски трофеј, по оној во 2017 година.

Едно е сигурно, Македонец во „Ланксес“ арената ќе слави европска шампионска титула, останува само прашање кој ќе се искачи на врвот…

Од една страна, нашиот репрезентативец Дејан Манасков кој дебитира на ваков спектакл, ќе се обиде со унгарскиот клуб да се закити со најдрагоцениот пехар во неговата кариера. Десното крило своевремено во сезоната 2015-2016 ги бранеше „црвено-црните“ бои.

EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Од друга страна, Вардар на овој турнир дојде можеби како најголем „аутсајдер“, но како да продолжува традицијата, повторно сме сведоци дека на фаворитите во Келн не им оди така лесно.

Вардар и Веспрем двапати се сретнаа во групната фаза, најпрвин во Унгарија триумфираше нашиот првак со 25:27 (11:13), а на возвратниот дуел во Скопје се реваншираше противникот 27:29 (16:11). Резултатот во меѓусебните дуели е 1:1 сезонава, па финалето е вистински начин да се види кој е навистина подобар…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот