Едниот се самоуби, а вториот е пронајден мртов: Тина Тарнер изгуби уште еден син

Фото: Профимедиа -Принтскрин - Инстаграм

Кралицата на рокенролот, Тина Тарнер, неодамна наполни 83 години. На музиката ѝ даде голем дел од животот, а животот воопшто не ја галел. Колку е поголема славата што ја доживеала, толку се поголеми трагедиите со кои се соочувала, ако воопшто може да се разликуваат мали и големи трагедии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 4everthrowbacks (@4everthrowbacks)

Пред три години животот ѝ приреди уште еден болен момент – смртта на нејзиниот син Крег. Тина секогаш се сметала за силна жена која го преживеала разводот, но не допуштила тоа да ја скрши и покрај сите животни трагедии.


По загубата на Крег, уште една трагедија во животот на Тина. Шеесет и двегодишниот Рони Тарнер, актер и син на легендардната американска пејачка е пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес во петокот наутро по локално време, пишува TMZ.

Имено, соседите се обиделе да го реанимираат, но безуспешно. Причината за смртта не е објавена, но се знае дека Рони претходно се борел со тешка болест.


Тина Тарнер сè уште не се изјаснила за неговата смрт.


Да потсетиме дека најстариот син на Тина, Крег се самоуби во јули 2018. Таа го роди Крег кога имаше 18 години, откако забремени со саксофонистот Рејмонд Хил. Крег работел како агент и се самоубил во својот дом во јули 2018. Имал 59 години.

Сопругот ѝ го подари својот бубрег: Тина Тарнер денес живее нормален живот благодарение на него

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот