Едната нога може да ви стане пократка од другата, што сè може да доведе до тоа

По фрактура на ногата, коската понекогаш може да зарасне во поинаков правец, особено ако била скршена на повеќе места.

Иако не е вообичаена појава, можно е нозете да не бидат со еднаква должина. Иако често се раѓаат со овој проблем, не е лесно да се забележи сè додека луѓето не остарат. Други може да го имаат овој проблем поради разни физички инциденти што ги доживеале. А, понекогаш, едноставно причината е непозната.

Наведени се причините зошто едната нога може да (о)стане пократка од другата.

Фрактура на коските

По фрактура на ногата, коската понекогаш може да зарасне во поинаков правец, особено ако била скршена на повеќе места или ако притоа е оштетено и мускулното ткиво. Интересно е дека постојат случаи кога при заздравување на коските по фрактура, тие прилично нараснуваат и стануваат поголеми отколку што биле.

Спортски повреди

Децата претставуваат ризична категорија затоа што нивните коски на краевите имаат пресорни епифизи, кои се одговорни за раст на коските, а кои стануваат цврста коска веднаш штом децата престанат да растат. Контактните спортови како фудбалот, или рекреативните активности какви што се скејтбордингот и скијањето, се особено ризични доколку дојде до повреди токму на овие подрачја кај децата.

Прекумерна употреба на екстремитетите

Кога се занимавате со спортот, прекумерната употреба на рацете и нозете може да доведе до хроничен стрес во екстремитетите. На пример, ако постојано го правите исти движења со рацете, може да се појави синдром познат како „болно рамо“. Запомнете, спортот не е штетен, само избегнувајте да се занимавате со истиот спорт во текот на целата година.

Ризични активности

Многу вообичаени детски активности за деца, дури и скокање на трамполина, можат да бидат поризични отколку што изгледаат. Познато е дека трамполините предизвикуваат паѓања, фрактури, па дури и сериозни повреди на ’рбетот. Секогаш проверете дали активностите на вашите деца се безбедни и добро надгледувани.

Нерамномерно држење на телото

Можеби сте слушнале дека лошата положба на телото (на пример, вкрстени нозе кога седите) може да ги направи нозете нерамномерни, но само по изглед. И покрај популарното верување, нерамномерното држење може да предизвика само постурална сколиоза, која всушност не боли и не ги деформира коските. Воедно е и целосно реверзибилна и може да се коригира со правилен тренинг и вежбање.

Болести

Многу болести влијаат врз начинот на растењето на коските, како туморот што може да се формира на коскените плочи или на ’рскавиците. Дури и болестите што влијаат врз нервниот систем може да го запрат растот на коските.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот