Една третина од студентите во Германија имаат мигрантско потекло

Мигранти во германија/ Фото: PATRICK PLEUL / AFP / Profimedia

Во Германија минатата година 29 отсто од учениците со мигрантско потекло биле во општи училишта. Мнозинството од 59 отсто немаат странски корени, наведува сојузниот завод за статистика.

Според истиот извор, кај  останатите 12 отсто, еден од  родителите  емигрирал во Германија.

Се смета дека едно лице има мигрантско потекло доколку дошло само или ако двајцата родители дошле во Германија по 1950 година.

Кај наставниците е сосема поинаку – само 11 отсто од нив лани имале мигрантско потекло. Пет отсто имаат еден родител од странство, додека 84 отсто од наставниците немаат мигрантско потекло.

Мигранти во Германија/ Фото: EPA-EFE/Filip Singer

Бројот  на луѓе со мигрантско потекло е зголемен во последните пет години и кај учениците и кај наставниците.

Во 2018 година, имало нешто помалку од 26 отсто ученици со мигрантско потекло и околу девет отсто наставници.

Повеќето студенти со странски корени се во западниот дел на Германија, во провинцијата Северна Рајна-Вестфалија. Минатата година имаше 689.000, повеќе од една третина.

Најмалку ги има во провинциите на поранешна Источна Германија (ГДР) – Мекленбург-Западна Померанија, Тирингија и Саксонија-Анхалт, соодветно 12 и 13 и 15 отсто.

Податоците се однесуваат на населението кое живее приватно, додека пак статистиката не ги опфаќа  емигрантите сместени во колективното сместување и бегалците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот