Една таблета екстази може да убие дете: Што се случува во организмот кај возрасните и децата кога ќе ја земат оваа дрога?

Едно лице е осомничено дека во соседна Србија, во Нови Пазар на своите внуци, момче и девојче од 3 и 6 години им дал опојна дрога екстази, по што веднаш бил лишен од слобода, а децата се итно згрижени во болница, јавува српски Телеграф.

Екстази е халуциногена и воедно стимулативна дрога и како таква никако не смее да заврши во организмот на мало дете. Една таблета кај возрасни предизвикува бран на позитивна енергија и сите чувства ги прави многу поинтензивни – без разлика дали се добри или лоши. Дејството обично трае до шест часа.

Меѓутоа, она за што помалку се зборува е фактот дека станува збор за една од најопасните дроги на светот. Освен што пребрзо ја забрзува работата на срцето и предизвикува дехидрација, проблеми со видот, топлотни бранови и мачнини, многу корисници од неа се чувствуваат анксиозно, конфузно, параноично, како некој да сака да ги повреди или да планира заговор против нив.

Кога екстазата ќе започне да дејствува телото нагло и многу опасно почнува да се загрева поради немирот кој констатно го чувствувате. Токму тоа може да доведе до откажување на бубрезите, црниот дроб, оштетување на срцето, па конечно и смрт. Во потешки ситуации може да предизвика и епилептични напади и трајно оштетување на мозокот.

Целото ова важи за возрасните

Меѓутоа, што се случува во организмот кога мало дете ќе проголта екстази?

Малите деца под влијание на екстази, во поголемиот број на случаи добиваат епилептични напади бидејќи само една таблета од оваа дрога во однос на нивната возраст се смета за предозирање.

Отежнато дишење, синусна тахикардија со повеќе од 150 отчукувања на срцето во минута, висок крвен притисок и зголемена температура, се исто така првите симптоми кои ќе се појават кај децата.

Детето мора итно да биде префрлено во болница каде екстазата се исфрлува од телото со помош на инфузии, па дури и терапија со кислород со голем проток, дизапеми и парацетамоли.

Во целото тоа докторите мораат да посветат внимание и на дишните патишта, бидејќи може да дојде до засилена секреција која може да предизвика гушење кај детето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот