Една приколица песок да се изблокира патот: Нова аудио снимка открива како Милошоски и Јанкулоска блокирале гласачи

На Јутјуб каналот „Обнова на режимот“ продолжува објавувањето на „бомби“ од сегашни и поранешни кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

Во новата аудио снимка именувана како „Антонио во ново кривично дело сообраќајка“ се слуша разговор меѓу кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, кои договараат да се преврти камион со песок во близина на Кичево, за да ги задржат патниците кои следуваат од странство на охридскиот аеродром до седум часот, а Милошоски дополнително предложува патниците да се задржат и од страна на царинските службеници.

Јанкулоска: Слушај, првиов авион се повеќето спрема Струга, но независно, не знаеме што има во вториот. Значи му реков и на Миле, мислам дека ќе контактира он со Илија, најарно е некој камион да се преврти со песок и да се блокира патот“, а Милошоски вели: „Може тоа, ама тие ќе дојдат до камионот и после со коли ќе ги преземат од таму“, тука повторно зборува Јанкулоска која вели: Ако, ние ги држиме колку што може“.

Потоа следи предлогот на Милошоски кој вели: „Да, да, да. Царинава може нешто да направи?“. Јанкулоска вели: „Не знам јас царината колку.. Ние ги замоливме вака, колегијално и они да направат. Нашиот дел, го исклучивме системот, рачно.. Ама не можеш до без свест. Сто луѓе, имаш 10 полицајци таму. Еден ќе стане ќе оди во ВЦ, сите тие работи, ама пак е ограничено, значи, ние да ги држиме до., а од 5 до 5:30 Царинава да ги проматка… ова, она.. Оти првиот авион се стружани, стружани колку и да ги држиш ќе стасаат. Пешки да тргнат ќе стасаат. Еве за вториот авион зборам“, а Милошоски одговара: „Да, да, да“.

Јанкулоска продолжува: „Ние малку, малку сообраќајката, малку нешто друго ќе се..“, а Милошоски и вели: „Од се по малку, да“, што Јанкулоска додава: „Од се по малку, оти ќе имаме политички проблем… И тоа да е ова негде поблиску до Кичево, оти нив колите од Кичево им се пратени и паркирани се пред Аеродром“, а Милошоски и вели: „Негде кај што е на некое потесно грло“. Јанкулоска повторно: „Кај што е потесно и кај што е понезгодно за …“, по што Милошоски вели: „Кај што нема за обиколница“. Јанкулоска потоа продолжува: „Вие си го знаете патот, видете некој од градежнициве нека ви излезе во пресрет. Една приколица песок нека ја изврти таму, камионот штета нема да има, само ќе го изблокира патот, ајт со здравје“, а Милошоски и вели: „Добро“.

Целиот разговор може да го чуете ТУКА.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот