ЕДНА ПРИЧИНА зошто тешко ви оди слабеењето

диета
Flickr

Давате сè од себе, се трудите, се храните здраво и вежбате, но резултатот изостанува. Според нутриционистите, едно нешто на кое забораваме се течните калории.

Размислете дали пиете чаша вино со ручекот, сок, индустриски ладни чаеви, газирани пијалаци… Ако погледнете на декларацијата на овие производи, ќе видите дека всушност, содржат многу калории, но и додатоци и адитиви кои го попречуваат вашиот процес на слабеење.

Секако, решението за ова е да пиете вода и незасладени чаеви и да не се потпирате на маркетингот за диеталните производи.

Наместо тоа, наполнете ја својата чинија со зеленчук богат со растителни влакна, фокусирајте се на квалитетни јаглехидрати, не заборавајте на протеините и за ужина изберете овошје.

Исто така, внимавајте и на големината на порциите кои ги јадете и дури и кога намирниците се најздрави, најдобро е да не се прејадувате.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот