Една од ОДГОВОРНИТЕ компании за кризата со опоиди во САД пред БАНКРОТ

Фото: Профимедиа

Компанијата „Пурдју фарма“ поднесе барање за заштита од банкрот во момент кога се соочува со повеќе од 2.000 тужби за нивната улога во кризата со опоиди во САД, објавија повеќе светски медиуми.

Фармацевтската компанија од сојузната држава Конетикат постигна договор со најмалку 24 американски сојузни држави и пет територии, кој се верува дека ќе биде во вредност од над 10 милиони долари. Неколку сојузни држави како Њујорк и Масачусец, се спротиставија на договорот, велејќи дека со него компанијата и сопствениците не преземаат доволно одговорност.

„Пурдју“ е обвинета за интензивирање на кризата со опоиди во САД преку агресивно рекламирање на нивниот продукт Оксикотин, лек против болки, кој според многу експерти предизвикува голема зависност при негово постојано користење.

Кризата со опоиди резултираше со речиси 400.000 смртни случаи меѓу 1999 и 2017 година, најголем дел од предозирање, велат податоците од Америка. Компанијата и сопствениците ја отфрлија одговорноста, велејќи дека федералните регулаторни тела го одобриле лекот, а лекарите ги препишувале таблетите на пациентите.

Минатата недела, федералните обвинители во Њујорк го обвинија семејството Саклер, кои патем се основачи на компнијата „Пурдју“, за префрлање на околу една милијарда долари на офшор-сметки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот