Една од најубавите балади на Балканот е создадена случајно, од очај за невозвратена љубов, а жената од насловот е жива и денеска! (ФОТО)

инстаграм

Една од најубавите балади во современата балканска поп култура е прекрасната „Селма“ во изведба на „Бијело дугме“, сараевскиот бенд кој ја вметна оваа нумера во својот прв албум „Кад би био Бијело дугме“ од 1974 година.

Музиката ја компонираше Горан Бреговиќ, а стиховите Владо Дијак, познат сараевски хуморист и поет.

Дијак песната не ја пишувал за „Бијело дугме“, туку за себе, и тоа уште во 1949 година.

Живеејќи во Сараево, Дијак ја запознал младата Селма Бориќ од Зеница, која учела во босанската престолнина. Тие двајца се дружеле некое време, а иако тој бил заљубен во неа, никогаш не собрал храброст тоа да и го признае.

Фото: Принтскрин

Преку песната се опишува нивната последна средба, кога таа заминала на факултет – веројатно во Загреб, каде Селма и денеска живее.

Дијак сакал да и каже нешто со што би и дал до знаење дека ја сака, но не можел да го стори тоа, па само тивко и рекол да не се потпира низ прозорецот, бидејќи во купето во кое седела таа прозорот бил искршен.

Ми го зема куферот, ми помогна да влезам во купето од возот каде прозорецот беше исркшен и потоа ми рече – „Селма, не потпирај се на прозорецот“, раскажа таа за медиумите своевремено.

Дури неколку години подоцна таа сфатила дека песната е за неа, а по еден концерт на Горан Бреговиќ, таа дошла до него и му се претставила која е.

Со Жељко Бебек, првиот пејач на „Бијело дугме“, Селма и денеска останала во контакт, па пејачот ја посетува секоја година за нејзиниот роденден.

Селма Бориќ денеска има 90 години и живее во Загреб, а со Дијак, кој почина во 1988 година, не се сретнале никогаш повторно.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот