Една од најстарите авиокомпании поднесе барање за банкрот

Авион / Фото: Архива

Колумбиската авиокомпанија „Авијанка холдингс“, втората по големина латиноамериканска компанија и една од најстарите во светот, поднесе барање за банкрот.

До ваквата ситуација дошло поради почнување на рокот за исплата на обврзниците, а колумбиската влада не одговорила на барањата за помош.

Доколку не успее да излезе од банкрот, „Авијанка“ ќе биде еден од првите најголеми авиопревозници во светот што ќе пропадне поради пандемијата на коронавирусот, која предизвика пад од 90 проценти во глобалниот воздушен сообраќај.

„Авијанка“ од март не сообраќа на редовните линии, а повеќето од 20.000 вработени не земаат плата уште од почетокот на кризата.

Портпаролот на „Авијанка“ за „Ројтерс“ изјавил дека компанијата сè уште се обидува да обезбеди државни заеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот