Една година од мировниот договор: Путин на средба со лидерите на Ерменија и Азербејџан

Путин со Алиев и Пашинијан
Една година од мировниот договор/Рускиот претседател Владимир Путин заедно со ерменскиот премиер Никола Пашинијан и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев/ Фото EPA-EFE/MIKHAIL KLIMENTYEV /

Рускиот претседател Владимир Путин денеска беше домаќин на лидерите на регионалните ривали на Ерменија и Азербејџан по повод првата годишнина од мировниот договор постигнат со посредство на Русија, со кој завршија борбите во сепаратистичкиот регион Нагорно Карабах, пренесува Ројтерс.

Во Сочи, Путин најпрво се сретна со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, а потоа заедно со Алиев се сретна со ерменскиот премиер Никола Пашинијан. Путин рече дека подоцна ќе има посебна средба со Пашинијан.

На почетокот на средбата Путин рече дека во текот на изминатата година е направено многу, но дека се уште не се решени сите прашања и укажа на избувнувањето на конфликти на границата меѓу двете земји, во кои неколку луѓе беа убиени.

Една година по воспоставувањето на примирјето, целта е да се создадат услови за обнова на регионот за луѓето да се чувствуваат безбедно таму и да вршат нормални економски активности, да ја развиваат економијата, рече Путин.

Ерменија и Азербејџан се во спор со децении за Нагорно-Карабах, област која е во рамките на Азербејџан, но е контролирана од етнички ерменски сили поддржани од Ерменците од крајот на сепаратистичката војна во 1994 година во таа област.

Азербејџанската армија ги потисна ерменските сили во 44-ри дневна борба во есента 2020 година, а борбите беа прекинати со договор со посредство на Русија, според кој Азербејџан доби контрола над значителен дел од Нагорно-Карабах и ги врати областите под контрола на Ерменија надвор од таа сепаратистичка област.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот