Една година без рак: Тенка е линијата помеѓу животот и смртта, вели Кристијан

Скопјанецот Кристијан Станковски на својот Инстаграм профил сподели моќна порака на картон, на која пишува дека една година е без злокобната болест – ракот.

Фото: Инстаграм

-Овој картон не е ставен за да ме жалите… Напротив! Овој картон ми е од најголемо значење досега! Да не губите надеж никогаш… Затоа само сакам да ви пренесам позитивната енергија, која ви е потребна во секој момент. Не е потребно да се замарате или да сте под стрес за банални работи. Многу е ужасно лошо да не посветите време за вашите најблиски. (А тоа го правиме сите)- вели Станковски во пораката.

Животот е многу краток, вели тој, денес сте тука утре ве нема…

Фото: Инстаграм

-Тенка е линијата помеѓу животот и смртта. И на крајот од денот, зошто да се нервирате или дозволите некој негативно да влијае врз вас??? Не треба да чекате нешто да ви се случи, за да гледате поинаку на животот! Не биди негативен, шири позитива!!! На тој начин ќе почнете да живеете… Само здравје!- напиша Станковски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bombakis (@bombakis)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот