Една добра и една лоша вест за фановите на Јунајтед.

EPA-EFE/PETER POWELL

Сагата околу иднината на двоецот од Манчестер јунајтед, Давид де Хеа и Пол Погба, продолжува. Навивачите на Јунајтед денеска од англиските медиуми  дознаа една добра и една лоша вест.

Добрата е дека голманот Давид де Хеа се согласил да потпише нов договор со Манчестер јунајтед, објавија англиските медиуми. Напорите на управата на клубот да го задржи Де Хеа вродиле со плод, а еден од адутите е што клубот изминатата недела купи двајца фудбалери, Даниел Џејмс од Свонси и бекот на Кристал Палас, Ван Бисака, но му било ветенот на голманот дека тука нема да се запре со засилувањата.

Управата ќе му ја исполни и желбата на Де Хеа да биде најдоброплатен голман во Премиер лигата, со новиот договор, платата на Шпанецот ќе изнесува 20 милиони евра по сезона.

Лошата вест е Пол Погба. Медиумите во Англија објавија дека Погба веднаш откако Маурицио Сари беше презентиран како нов тренер на Јувентус, му се јавил на италијанскиот тренер и барал мислење од него за евентуалното враќање во „старата дама“.  Французинот сака да се врати во клубот во кој прерасна во еден од најдобрите фудбалери но и беше омилен кај навивачите, за разлика од Манчестер јунајтед каде што е на удар од фановите поради слабите игри.

Манчестер јунајтед бара 150 милиони евра за да се откаже од услугите на Погба, а понудата на Јувентус изнесува 100 милиони евра плус Даглас Коста. Менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер врши притисок врз управата на клубот да ја прифати понудата, стравувајќи дека со евентуалното останување на Погба во тимот, атмосферата ќе биде на многу ниско ниво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот