Една четвртина од сообраќајките на автопат се поради кучиња скитници

Кучиња скитници
Кучиња скитници / Фото: МИА

Од 20 сообраќајни незгоди кои се случиле на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје пет биле поради тоа што на коловозната лента се нашле бездомни кучиња, а останарите поради пребрзо возење, евидентирале во СВР Тетово при анализа на податоците од случените сообраќајки.  Бројот од 20 несреќи претставува половина од вкупниот број сообраќајки што се случиле во текот на март на поширокото тетовско подрачје.

– Најмногу од нив биле како резултат на неприлагодена брзина според условите на патот, односно пребрзо возење со излетување од коловоз или поради неправилно вршење на дејствие. Секторот за внатрешни работи Тетово континуирано презема засилени активности за откривање и санкционирање на возачите кои ја пречекоруваат максимално дозволената брзина на автопатот, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Во изминатите три месеци од оваа година вкупно биле санкционирани 985 возачи, кои ја пречекориле брзината и за 50 километри на час над дозволеното. На сите им се изготвени соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените парични глоби и други санкции.

– Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите целосно да ги почитуваат сообраќајните знаци на автопатот и посебно да бидат внимателни во вечерните и раните утрински часови, дотолку повеќе што во тие периоди од деноноќието можно е и неконтролирано движење на животни по коловозот, пред се во близина на клучките, потенцира портпаролот на тетовската полиција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот