Една четвртина од Белгијците над 85-годишна возраст примиле вакцина против ковид-19

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Според податоците на белгиските здравствени власти, 26 отсто од лицата над 85-годишна возраст во земјата, главно во пензионерските домови, ја примиле првата доза на вакцината против ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Белгија засега успева да се заштити од трет бран на коронавирус, за разлика од повеќето соседни држави, и ритамот на зголемување на бројот на новозаразени се намалува постепено. Во периодот од 23 февруари до 1 март регистрирано е зголемување од „само два отсто, изјави портпаролот на кризниот штаб, Ив ван Латем.

Намален е бројот на нови инфекции кај децата, но расте кај адолесцентите. Регистрирано е зголемување на бројот на хоспитализирани за 23 отсто во просек. Половина од заразените случаи во Белгија се должат на британската мутација на вирусот.

Портпаролот додаде дека ова е знак оти засега земјата успева да избегне трет бран.

– Ова е доказ дека постојани мерки, помалку строги од оние во вонредна состојба, овозможуваат да се смири состојбата, наведува Латем.

Тој изрази разбирање дека граѓаните се исцрпени од мерките, но побара уште малку трпение бидејќио периодот сѐ уште се смета за транзициски и нестабилен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот