Едмонд Адеми: Мицкоски остана заглавен во матрицата на Груевски

Самитот на Европската народна партија во Загреб, каде што е членка ВМРО-ДПМНЕ целосно ги порази лицемерните и лажни политики на Христијан Мицкоски, рече на денешната прес-конференција на Едмонд Адеми, претседател на Комисија за надворешни работи на СДСМ.

-Освен што се покажа дека едно зборува дома, а друго надвор, Мицкоски доживеа дебакл на клучните стратешки теми. Со првата резолуција ЕПП заклучи дека ЕУ со неносењето одлука за почеток на преговорите, направила историска, геостратешка грешка. Тоа е потврда дека од наша страна е направено се, но дека одлуката на ЕУ е поради внатрешни проблеми во самата Унија. Тоа е првата шлаканица за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои виновници бараа внатре во земјата- рече Адеми.

Втората шлаканица, рече Адеми, дојде со втората Резолуција каде ЕПП даде поддршка на сестринската Демократска партија од Албанија, но никаде не споменува поддршка за ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски.

-Мицкоски на Самитот пред бугарскиот премиер Бојко Борисов, јавно пред камери кажа дека го поддржува Договорот за добрососедство со Бугарија, иако две години зборува токму против тој Договор. Мицкоски дома зборува дека не го признава уставното име, но на Самитот на ЕПП нема проблем неговата партија да биде претставничка од Република Северна Македонија.

Мицкоски остана заглавен во матрицата на Груевски, рече Адеми, нема програма, нема идеја, нема план, нема став.

-Само деструктивно однесување, блокади и обиди за кочење на евроинтегративните процеси. Со таква понуда Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ може да очекуваат само пораз на предвремените парламентарни избори. Граѓаните знаат какви последици донесоа овие политики на ВМРО-ДПМНЕ. Цели 11 години евроинтеграциите беа закочени, државата изолирана, скарана со соседите, без перспектива и со неизвесна иднина- рече Адеми.

За само 2.5 години сето тоа е променето благодарение на СДСМ, потенцираше Адеми, на 12 април граѓаните ќе потврдат дека државата треба да продолжи на прав пат.

Тоа е патот на интеграцијата во НАТО и ЕУ, во градење на пријателство со соседите, напредок и сигурна иднина, поентираше Адеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот