Единствено доживување во „најинстаграмскиот“ хотел на светот (ФОТО)

„Giraffe Manor“ е ексклузивен хотел во Најроби, а го нарекуваат и „најинстаграмски објект на светот“.

Facebook

Се работи за зграда која датира од 1932 година, наликува на мал дворец и е една од најатрактивните градби во таа земја.

Instagram

Овој хотел со 12 соби ширум светот е познат поради многу блискиот контакт на гостите со жирафите, кои дури знаат да ги туркаат главите низ огромните прозорци кога гостите ручаат и да јадат заедно со нив.

Instagram

Многумина коментираат дека имале чувство како да влегле во сценографија од филм.

Сопствениците на хотелот во соработка со властите ја започнале програмата Rothschild за да го зголемат бројот на жирафите.

Facebook

Хотелот прво имал три жирафи по име Том, Дик и Хари, а ја вдомиле и женката Дејзи.

Набрзо им се придружило и бебето жирафа кого го нарекле Марлон, според глумецот марлон Брандо.

Facebook

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот