Единствената жителка на малиот грчки остров Кинарос пронајдена жива и здрава во нејзиниот дом

Единствената жителка на островот била жива и здрава во нејзиниот дом, а според грчките медиуми, одбила да го напушти островот и да биде префрлена на друго место.

Спасувачка екипа со хеликоптер Супер пума го посети малиот грчки остров Кинарос за да провери дали е сѐ во ред со 74-годишната Ирини Кацотурхи, откако нејзината ќерка веќе три дена не можела да стапи во контакт со неа.

Единствената жителка на островот била жива и здрава во нејзиниот дом, а според грчките медиуми, одбила да го напушти островот и да биде префрлена на друго место.

Веројатно лошите временски услови и прекинот во телефонските линии била причината зошто ќерката на Кацотурхи три дена не можела да воспостави контакт со неа.

Министерството за одбрана на Грција објави видео од моментот кога спасувач се симнува од хеликоптерот Супер пума на грчката воена морнарица и пристигнува во домот на 74 годишната Ирини Кацотурхи ,јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, 74годишната Ирини, од тригодишна возраст израснала на островот Кинарос. Откако се омажила поминала извесно време со сопругот и децата во Австралија, а по враќањето, со нејзиниот сопруг во 2000 се преселиле на Кинарос. По смртта на сопругот во 2013, таа живее сама на островот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот