ЕДИНСТВЕНА МОЖНОСТ ЗА МИРНО РЕШЕНИЕ: Властите во Хонг Конг бараат демонстрантите да се предадат

Фото: EPA-EFE/ALY SONG

Шефицата на Владата Хонг Конг, Кери Лам, изјави денеска дека демонстрантите под полициска опсада на универзитетски кампус имаат само можност да се предадат ако сакаат мирно решение.

– Ова може да се постигне само со целосна соработка со демонстрантите, вклучувајќи ги, се разбира и оние кои предизвикуваат немири. Тие мора да го прекинат насилството, да се предадат и да си заминат мирно со почитување на полициските инструкции, нагласи Лам.

Тоа беше нејзина прва прес-конференција откако демонстрантите во неделата го окупираа Политехничкиот универзитет, бастион на петмесечниот протест. Стотина антивладини демонстранти останаа забарикадирани на Политехничкиот универзитет во Хонг Конг денеска, опколени од полицијата додека опсадата врз кампусот на универзитетот влегува во третиот ден.

Според локалните медиуми, повеќе од 200 млади демонстранти го напуштиле Политехничкиот универзитет, придружувани од медијатори на кои полицијата им дозволи да влезат.

На демонстрантите под 18-годишна возраст им беше дозволено да заминат без апсење, јави Би-Би-Си, но постари лица се приведени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот