Единаесет млади дел од новиот циклус обуки на рудникот „САСА”

Единаесет млади лица ќе имаат можност да ги зголемат своите знаења и да стекнат практични вештини од областа на електротехниката и машинството, преку обуката која во следните три месеци ќе ја посетуваат во Тренинг центарот на Рудник „САСА”.

Од „САСА” додават дека учесниците кои успешно ќе ја поминат обуката ќе добијат соодветни сертификати кои се признаени од државата, а оние што ќе покажат најдобри резултати во текот на обуката ќе се стекнат со дополнителни поени при аплицирање за работа во рудникот. Во текот на траењето на обуката, учесниците ќе добиваат месечен надоместок од компанијата за покривање на нивните трошоци.

Обуката се одвива со физичко присуство а ја изведуваат искусни предавачи и обучувачи од Рудник САСА и надворешни партнерски компании.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот