Единаесет лица повредени во сообраќајки во Скопје

Фото: МИА

Единаесет лица се здобиле со лесни телесни повреди во пет од вкупно девет сообраќајки што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во четири сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

СВР Скопје информира дека од сообраќај се исклучени шест возачи кои возеле побрзо од дозволеното, 23 возачи пред да се стекнат со правото на управување моторно возило, двајца почетници и 27 нерегистрирани возила.

Полицијата казнила и 26 возачи кои разговарале на мобилен телефон, 15 возачи поради не носење сигурносен појас и пет возачи на мотор, мопед или мотоцикл поради не носеле заштитен шлем.

Превземени се мерки и против тројца возачи кои поминале на црвено светло, тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаци на пешачки премин, тројца за неправилно престројување и двајца за неправилно престигнување.

Санкционирани се и двајца пешаци кои направиле сообраќаен прекршок.
За непрописно паркирање издадени се 121 мерка, а со специјалното возило „пајак” подигнати се 70 возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот