Единаесет лица ја загубија битката со коронавирусот во Грција, 438 новозаразени

Фото: EPA-EFE/DIMITRIS TOSIDIS

Грција денеска пријави 438 нови случаи на инфекција, а 11 лица починале, објави Националната организација за јавно здравје.

Во земјата има 15.293 активни случаи, а 85 пациенти се на апарати за дишење.

Во Грција досега се заразени вкупно 25.802 лица, од кои се верува дека 3.560 биле заразени додека патувале во странство, додека 10.337 заболеле од претходно заразени лица, пренесува агенцијата АНА.

Од 520 жртви на ковид-19, 197 се жени, а просечната возраст на починатите е 79 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот