Единаесет индонезиски ученици се удавија во извидничка несреќа

Единаесет средношколци се удавија додека се обидувале да преминат река за време на извидничка акција во индонезиската провинција Западна Јава/ Фото: ЕПА

Единаесет средношколци се удавија додека се обидувале да преминат река за време на извидничка акција во индонезиската провинција Западна Јава.

Учениците пешачеле покрај река во областа Сијамис, како дел од воннаставни активности, кога се случила несреќата, соопшти шефот на локалната полиција Хердиат Сунарија.

Учениците на возраст од 12 до 15 години биле повлечени од силна струја додека ја преминувале реката, рече тој.

– Екипите за пребарување ги пронајдоа сите жртви низводно, информира началникот и додаде дека неколку наставници биле тешко повредени при обид да ги спасат учениците.

Во извидничката акција учествувале 150 ученици од средното исламско училиште Харапан Бару, јавија локалните медиуми.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот