Един Јакуповиќ: И по Грујо, Русе!? - Слободен печат
ВестиКултура

Един Јакуповиќ: И по Грујо, Русе!?

Актерот Един Јакуповиќ се огласи со отворено писмо по реакциите на културните работници за смена на раководсвото на МКЦ.

Актерот Един Јакуповиќ се огласи со отворено писмо по реакциите на културните работници за смена на раководсвото на МКЦ.

Писмото го пренесуваме во целост:

„И по Грујо, Русе!?

Зошто!?

Затоа што голем дел од потписниците кои денес го бранат в.д. директорот Русе се истите кои во минатиот „систем” на режимот си имаа можност да вртат сериозни проекти во МКЦ, ете јас на пример неколку пати се имам писмено и усмено обратено до МКЦ, секогаш добивав одговор: „Сега календарите се зафатени, знаеш имаме проекти, еве ти го календарот најди си место и кога ќе најдевме место, одговорот беше: Тогаш нема шанси….“

Затоа што наредбата од „горе” доаѓаше така, од системот (режимот).
Дел од потписниците за одбраната за МКЦ, лично сум разговорал со нив, добивав одговори дека таму условите се страшно лоши и дека себично им даваат услови кои се под секое ниво за творење, но што да се прави подобро било да се молчи и да се добие каков таков третман бидејки за жал театрите во нашата држава се резервирани само за буржоазиска класа!

Обични смртници односно уметници со добри идеи не смеат да припарат, секогаш мора да се бара утешната алтернатива во МКЦ макар и под тие мизерни услови…
Не го напаѓам Русе, ниту пак го фаворизирам Бени, сметам дека нарачателот на оваа валкана кампања против Бени има повеќе политичка отколку професионална зад кулисна игранка.

(Дури сметам дека помеѓу овие двајца кандидати Бени има многу по искрен пристап)
Лично сметам дека и од двајцата има многу подобри кандидати, но за жал тие неподобните во ваква атмосфера каде волците и хиените владеат, за нив нема место за конечно работите да се оттргнат од агонијата во која се наоѓаат младите уметници…
Додека „салони за венчаници”, „Графички или татини модни дизајнери” и „градежни инжињери” се одлични сценографи и костимографи!

Додека нечии дечиња и внучиња се на пиедесталот на уметноста, додека некогашни „друштва за услуги” штанцаат дипломи..

Театарот! Уметноста ќе биде на ова ниво: Бедно, јадно, раскарано партизирано, метастазирано…
Се додека „предводниците” на режимот без проблем се насукуваат во новиот „демократски систем” барата ќе биде полна со крокодили..
Додека се расправате Русе или Бени театрите и останатите уметнички храмови немаат основни услови за работа, немаат основни средства за опстојување, К.У.Д. Фестивалите, се распаѓаат од час во час.. неподобните уметници бараат чаре надвор од државата по разни кафеани и овоштарници…
Култура НЕМА да има!“, пишува акерот Един Јакуповиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close