Еди Рама во посета на Москва, ќе се сретне со Сергеј Лавров

Фото: Слободен печат/ Арбнора Мемети

На средбата се очекува да се разговара за тензичната ситуација на границата Русија- Украина.

Премиерот на Албанија Еди Рама пристина во Москва. Во текот на утрешниот ден, се очекува Рама да има средба со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

Рама во Русија патува во својство на претседателството на неговата земјата со ОСБЕ.

На средбата се очекува да се разговара за тензичната ситуација на границата Русија- Украина.

Рама пред неколку дена изјави дека ги подржува напорите за постигнување на мир.

– Нашето делување ќе се потпира на три столба. Ќе ги подржиме трипартитните напори но потребно е политичка волја од сите страни, бидејќи тоа е клучно за мирот.  Ги уверив сите мои колеги за моите напори за мир – изјави премиерот на Албанија, Еди Рама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот