Еди Рама: Во Албанија нема ниту еден случај на коронавирус

Фото: Слободен печат/ Арбнора Мемети

Во Комисијата за национална безбедност, премиерот на Албанија Еди Рама, изјави дека во земјата не е регистриран ниту еден случај на коронавирус.

-Уште немаме ниту еден регистриран случај, но во соработка со СЗО, ги направивме сите чекори за да се соочиме со евентуалното појавување на коронавирусот и на територијата на Албанија. Од првите случаи во Кина, целиот свет влезе во една необична состојба. Секако, и ние веднаш започнавме со потребните контакти и во еден свет, кој е сè помал, заради интеракцијата, сите се изложени на ризик- изјави Рама.

Рама рече дека треба да се избегнат лажните вести и паниката. Од министерството за здраство, пак изјавија дека беа тестирани 17 лица и сите биле негативни на коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот