Еди Рама: Самитот во Берлин немаше врска со преговорите, медиумите во Тирана и Приштина објавуваат глупости

EPA-EFE/FILIP SINGER

Албанскиот премиер, Еди Рама, во неговите коментари во врска со самитот во Берлин ги критикуваше медиумите во Тирана и Приштина, наведувајќи дека тие објавувале глупости во врска со самитот.

„Никогаш до сега немам видено толку големо политичко и медиумско дезинформирање и злоупотреба на еден политички настан како што се глупостите кои ги следеа и објавуваа медиумите во Тирана и Приштина.“ истакна Рама.

Според „ТВ Клан“ Рама исто така нагласи дека самитот во Берлин не беше одржан за почнување на преговорите со Албанија и Северна Македонија.

„Декларацијата на самитот којашто ни беше дадена како драфт верзија за да ги дадеме нашите размислувања, немаше никаква поврзаност со проширувањето на ЕУ. Имаше една посебна точка за дијалогот помеѓу Косово и Србија. Меркел имаше средба со мене и со Заев.“ изјави албанскиот премиер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот