Еди Рама проговори германски: „Danke Angela“ (ФОТО)

Фото: Фејсбук

Албанскиот премиер Еди Рама реализирал телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, неколку дена по одлуката на Европскиот совет за неотварање на преговори со Албанија и Македонија.

Преку Твитер, првиот човек на албанската влада информираше дека разговарал со Меркел за напредокот на заедничките напори за отворање преговори и дека добил повтотно нејзина подршка за ова прашање, пренесува А2.

„За време на 45-минутниот телефонски разговор со канцеларката Меркел, ги ставивме сите точки на „ и“-то, за понатамошниот напредок на заедничките напори за отворање преговори за членство. Канцеларката повтрно го истакна ставот на Германија за поддршката на Албанија. Danke Angela!“, напишал Рама на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот