Еди Рама повторно во посебно модно издание (ФОТО)
Албанскиот премиер Еди Рама повторно се појави во посебен стил. Овој пат на Самитот кој се одржува во Прага. Рама по се изгледа ги обожава белите старки кои повторно ги комбинирал со син костум, а денеска не му недостасуваше ниту шарената кравата.
Рама, на сликите објавени на неговиот профил на Фејсбук се гледа видно расположен, а друштво покрај другите му прават македонскиот колега Зоран Заев и српската премиерка, Ана Брнабиќ.
“Во Прага со земјите од V4 (Полска, Унгарија, Чешка, Словачка) и земјите од Западен Балкан – Не добивме само тотална поддршка од V4 за отворање на преговорите на Албанија и Северна Македонија со Европската унија, туку и акционен план за да се реализира оваа стратешка цел”, напишал Рама на својот профил.
Албанскиот премиер веќе стана препознатлив по невообичаените модни додатоци на разни настани.